Момченце со ретко нарушување може да јаде само 5 зрна грав на еден оброк
Без слатки, без млеко, без јајца, без месо. За Оливер Симпсон, протеинот е голем проблем – до тој степен што може да јаде повеќе од 5 печени зрна грав на еден оброк. 2,5-годишникот има извонредно строга диета, ограничувајќи се на само шест грама протеини дневно, исклучувајќи го месото, риба, ореви, млеко, јајца и јогурт.
Исто така позната како PKU, фенилкетонурија е особено ретка состојба која зафаќа само 50.000 луѓе низ целиот свет. Поточно, тоа значи дека Оливер не е во состојба да го разложи фенилаланин – аминокиселина која се наоѓа во храна богата со протеини.
Ако неговото тело не може да го разгради, последиците може да бидат доста мрачни. Фенилаланин наскоро ќе се собере во крвта на Оливер, што доведува до можни напади, тумори, оштетување на мозокот и одложен ментален развој.
На Божиќ минатата година, Оливер не можеше да се придружи со семејството и да ужива во традиционалното јадење со печена мисирка, свинско, наместо тоа тој морал да јде само грашок, моркови или пире од компир. Исто така не смее да јаде и слатки.
Неговата мајка вели дека за него е многу тешко бидејќи е сѐ уште мал и не разбира зошто не може да ги јаде сите тие работи. Тој има и 6-годишна сестра која не страда од состојбата. Неговата мајка вели дека не може да дозволи да остане во домовите на другите деца плашејќи се за неговиот живот.