Момчето ѝ кажало да не ослабнува за ТОЈ да се чувствува подобро, но девојката се ослободи од секој „вишок“ во животот

Ако сакате да изгубите тежина, тогаш секогаш треба да го правите тоа за себе, а не за другите луѓе, со знаење дека секое индивидуално патување е составено од уникатни цели и мотивации.

И, апсолутно не треба, под никакви околности, да го одложувате вашето здравје и благосостојба на долг рок од страв дека ќе „уништите“ нечија самодоверба. Кајли Хансен од Тафт, Калифорнија, се борела да одржи здрава телесна тежина иако 12 години била мажоретка и пливач.

Таа станала зависна од брза храна и кога го достигнала „врвот“ на нејзината тежина од 115 килограми решила да преземе нешто во врска со тоа. Тогаш 22-годишната девојка решила да направи операциски зафат. Повеќе од две години, Кајли следи строг режим на исхрана и вежбање, а нејзината напорна работа се исплати.

Кајли останува мотивирана во текот на денот со грицкање на супер-храна со шејкови, овошје и путер од кикирики, а исто така вежба најмалку 30 минути на ден. Сега таа има 76 килограми и се чувствува многу посреќна во своето тело.

Сепак 27-годишната девојка ја немала поддршката од сите што ги сакала. На нејзиното момче не му се допаѓала идејата таа да стане „атрактивна“.

„Моето момче кое беше со мене во текот на операцијата воедно беше и моето прво момче и заедно бевме заедно околу четири години. Тој не ме поддржуваше. Тој се чувствуваше несигурно додека губев тежина и на крајот побара од мене да престанам да слабеам. Постепено се здобив со храброст и самодоверба да ја напуштам врската и научив да прифаќам само луѓе во мојот живот кои ја носат енергијата што ми треба и која ја сакав.“, вели Кајли.

За среќа, Кајли оттогаш ја најде својата вистинска љубов и поддршка во 28-годишниот Џејкоб. Тие биле пријатели уште од 9-годишна возраст и дури и се натпреварувале во ист пливачки тим. Тие сега имаат и 2-годишен син, Џејмисон.