Момците од бендот „2Be“ ќе ве потсетат на една убава македонска песна од Тоше Проески – „Зошто отиде“

Бендот „2Be“ ја објави третата преработка од нивниот проект „The Backyard session“. Овојпат тоа е песната “Зошто Отиде” од Тоше која е снимена во нивниот двор, а така планираат да продолжат да снимаат и во текот на целото лето. Како и во претходното видео кое можете да го слушнете на нивниот официјален YouTube канал “Weare2Be” така и во ова видео Тино Стојановски свири на клавир и гитара, Синиша Зукиќ е на тапани, а вокал и гитара Љупче Стојановски.