Момент кој го обиколи светот: Внука го посетува нејзиниот дедо од ризична категорија и преку прозорецот му кажува дека се верила

Во време кога Ковид-19 се рашири во сите држави во светот, потребно е да бидеме многу повнимателни и да избегнуваме социјален контакт со постарите лица.

Внуката го посетила својот дедо, кој живее во старечки дом во Северна Каролина, САД, носејќи му важна и убава вест. И покрај тоа што посетите биле строго забранети, институцијата успеала да го смести дедото во просторија на првиот кат со голем прозорец за да може внуката да му ја каже веста лично.