Момент на вистинска среќа кога момче кое се родило во суша, за прв пат се игра во кал
Скокање во кал е дел од детството на секој од нас. Но, за младиот Арчи Саундерс од Нов Јужен Велс, Австралија, ова е прилично необична и нова работа.
Бидејќи своите први две години од животот ги поминал во област каде што владеела суша, Арчи никогаш немал прилика да се игра во кал.
Семејниот дом на Арчи во Воломомби, во близина на Армидале, не видел значителни врнежи од дожд со месеци. Затоа кога почнало повеќе да врне сите решиле добро да го искористат овој момент. Срцезатоплувачките фотографии направени од мајката на Арчи, 22-годишната Нкала Фрост покажуваат како малиот Арчи ја истражува калта, заедно со неговиот 23-годишен татко, Ник Саундерс.
Прекасните фотографии го прикажуваат неверојатниот момент на таткото и синот и не може да се спореди кој од нив е посреќен. Семејството живее на истата фарма каде што работи Ник.