Моментот кога иранска студентка се соблекува по долна облека во знак на протест поради законите за хиџаб и е нападната од полицијата и одведена во ментална болница
Иранска студентка се соблече до долна облека во знак на протест против законите за хиџаб, по што беше нападната од полицијата, уапсена и однесена во ментална болница.
Младата жена, чиј идентитет не е познат, е забележана на видео како чекори по кампусот на Исламскиот Азад Универзитет во Техеран, пред да биде приведена од обезбедувањето. Широко споделеното видео на социјалните мрежи ја прикажува жената како седи и нервозно се движи со скрстени раце, облечена само во долна облека.
Во друг дел од снимката се гледа моментот кога припадници на безбедносните сили ја задржуваат и принудно ја внесуваат во автомобил.
Портпаролот на универзитетот, Амир Маџхуб, потврди за апсењето на платформата X (поранешен Твитер), наведувајќи: „По извршен недоличен чин од страна на студентка на одделот за наука и истражување на универзитетот, обезбедувањето на кампусот интервенираше и ја предаде на органите на редот”.
Маџхуб додаде дека во полициската станица било утврдено дека жената е под силен ментален притисок и наводно има ментално нарушување.
Сепак, многумина на социјалните мрежи сметаат дека ова бил намерен протест против задолжителниот хиџаб. „За повеќето жени, да бидат на јавен простор во долна облека е еден од најголемите стравови… Ова е реакција на глупавото инсистирање на властите за задолжителниот хиџаб,“ – коментираат луѓето.
Според информациите на Iran International, студентката претрпела сериозни повреди за време на апсењето, а група на студенти известува дека нејзината облека била искината и дека на автомобилот имало траги од крв, кои покажуваат дека се здобила со удари на главата и обилно крварење.
Нејзината судбина не е позната, но локален медиум наведе дека најверојатно ќе биде префрлена во ментална болница по понатамошни испитувања, тврдење кое сè уште не е потврдено.
Амнести Интернешнл повика на итно и безусловно ослободување на студентката која брутално беше уапсена во саботата. Организацијата побара и независна и непристрасна истрага за наводите за тепање и сексуално малтретирање за време на нејзиното апсење, како и одговорност за оние што ќе се докаже дека се вклучени.
Сè повеќе жени во Иран ги пркосат властите со отфрлање на хиџабот по протестите кои започнаа по смртта на младата Курдска Иранка, Махса Амини, која почина во притвор на моралната полиција во септември 2022 година. Нејзината смрт го инспирираше движењето „Жени, живот, слобода,” кое траеше со месеци низ целата земја.
Една година подоцна, во октомври 2023, иранската тинејџерка Армита Гераванд беше повредена во сомнителен инцидент во метрото во Техеран, откако патувала без хиџаб. Таа подоцна почина во болница откако паднала во кома.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно