Моментот кога нашиот Лукијан Петровиќ на само седум години фантастично го изведе не така едноставниот удар во таеквондо и се здоби со златен медал на меѓународниот фестивал „Корио Опен“
Во неделата во Скопје се одржа Меѓународен турнир во Таеквондо – „Корио Опен“, под покровителство на Македонската Таеквондо федерација и ТК „Корио“.
Учествуваа 300 натпреварувачи од 5 земји од регионов и се натпреваруваа сите клубови од Македонија.
ТК Младост, со нивниот тренет Стефан Миленковски, учествуваше со 30 натпреварувачи со кои освоија 10 златни медали, 11 сребрени и 7 бронзени медали. А воедно и трофеј за 3то место Генерален пласман и трофеј за најдобра пионирка Калина Стефкова.
Еден од златните медали кои се издвои беше 7-годишниот Лукијан Петровиќ кој успешно ја изведе не така едноставната комбинација во таеквондо позната како Бандедолио. Лукијан иако има 7 години ја изведе со леснотија и така го заврши натпреварот и дојде до златниот медал во категоријата до 21 килограм.
Ние ги бодриме нашите млади таленти, а фантастичниот удар можете да го видите на ова видео. Браво Лукијан Мотика е со тебе! 👏
Новата ѕвезда е родена! 💪
Коментирај анонимно