Моментот кога пратка со кокаин вредна 227 милиони евра заврши во пламен
Вкупно 9,5 тони кокаин, сокриен во пратка со банани, беше пронајден од полицијата, а драматични фотографии го прикажуваат моментот кога дрогата беше запалена.
Властите во Доминиканската Република го запленија овој скап бел прав, изјавувајќи дека ова е најголемата заплена на дрога во историјата на земјата, далеку надминувајќи 2,6 тони запленети во 2006 година.


Десет осомничени беа уапсени откако пратката пристигнала во пристаништето Кауцедо во главниот град Санто Доминго. Пратката требало да биде испорачана во Белгија, по нејзиното заминување од Гватемала. Властите објавија дека оваа година заплениле вкупно 47 тони дрога.
„Првичните истраги покажуваат дека контејнер со банани пристигнал од Гватемала“, изјави портпаролот на агенцијата за борба против дрога на Доминиканската Република, Карлос Деверс, според „Гардијан“. „Неколку непознати лица се обиделе да ја префрлат дрогата во друг контејнер што требало да биде испратен со брод во Белгија.“



Коментирај анонимно