Моментот кога тениската ѕвезда, Јулија Путинцева, на УС Опен ја понижи девојката што ѝ подава топки и беше исвирката од публиката

Фановите ја критикуваа Јулија Путинцева за нејзиното „ужасно однесување“ кон една девојка која собира топки за време на нејзиниот пораз во третото коло на УС Опен против Жасмин Паолини.

 

 

За време на натпреварот, Путинцева, која беше фрустрирана откако го загуби првиот сет и губеше со 4-2 во вториот, имаше „инцидент“ кога ја игнорираше девојката која се обидуваше да ѝ даде топки за сервис.

Наместо да ги фати топките, Путинцева ги остави да ја удрат и да се оттркалаат, гледајќи со празен поглед со рацете надолу. Ова однесување предизвика негодување од публиката на Флашинг Медоуз.

 

Борис Бекер, поранешен шампион на УС Опен, коментираше на социјалните мрежи, прашувајќи: „Која мисли дека е Путинцева… ужасно однесување кон девојчето.“ Пирс Морган исто така ја критикуваше на социјалните мрежи, нарекувајќи го однесувањето „одвратна ароганција.“

Ренае Стабс, поранешна шампионка во двојки на Гренд Слем, исто така ги осуди постапките на Путинцева, опишувајќи ги како непочитување и безобразно однесување.

По натпреварот, Путинцева се извини на социјалните мрежи, објаснувајќи дека нејзиното однесување не било насочено кон девојката, туку било поради нејзината фрустрација со сопствената игра. Таа ги пофали децата кои собираат топки, велејќи дека се „секогаш одлични.“

„Сакам да ѝ се извинам на девојката со топките за тоа каква бев, кога ми даваше топки. Искрено, не беше ништо кон неа. Навистина бев изнервирана од себеси што не го добив натпреварот од точката на прекин, а потоа се замислив длабоко, што дури и не се фокусирав на тоа што се случува и кој ми ја дава топката. Сите деца кои ни помагаат со топките се неверојатни како и секогаш“.

 

Однесувањето на Путинцева не ѝ помогна во играта, бидејќи загуби од Паолини во два сета, 6-3, 6-4.

  • dimce напиша:

    MORON od covecko sustestvo

  • Васе напиша:

    Секој што се натпреварува во некој спорт сака да победи! Финтата, битно е да се учествува, не е добра!
    Од друга страна, тие што губат, имаат право да се лутат! Е, сеа проблемот е како тоа го прават?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *