Моментот во кој момче повторно се гледа со својата мајка која 29 дена работела во болница за коронавирус

Емотивната снимка од северна Кина го покажува моментот кога едно младо момче е повторно обединето со мајка си, откако работела во болницата за коронавирус скоро 30 дена. Малото момче не може да се воздржи откако ја виде својата мајка како излегува од автобусот.

Жената работела 15 дена во одделот за изолација во болницата, пред да влезе во само-карантин 14 дена. Бидејќи ситуацијата во Кина се смирува многу семејства ќе можат повторно да бидат заедно.