Монах со необична професија сака да ги промени перцепциите за Будизмот

Јапонски будист кој создава музика, сака да ја смени перцепцијата на луѓето за религијата. Јогесту Акасака стана будист во 2015 година и сега создава музика за луѓето да медитираат. Но, тој не е обичен музичар, туку битбоксер, односно музиката ја создава со својата уста.

На видеата споделени на Инстаграм и Јутјуб, Јогесту може да се забележи како стои пред екранот додека ги носи своите будистички наметки и стои зад својата музичка опрема. Тој понекогаш користи и инструменти како што се гитари или Ханг.

Додека битбоксот не би го класифицирале како смирувачка музика, музиката на Јогесту навистина може да се опише како Зен. 37-годишникот може да се пофали со импресивни 86.800 претплатници на неговиот канал на YouTube. Јогесту не стана битбокс-монах за да привлече внимание кон себе. Тој вели дека тоа го прави затоа што сепак сакал да ја продолжи својата љубов кон музиката и битбоксот откако станал монах пред пет години.

„Не е дека сакав да привлечам внимание за мојата „посебност“, туку сакав да ја продолжам мојата страст кон музиката. На ист начин како некој свири гитара или тапани, јас и самиот сум само нормален изведувач. Мојот пријател ми даде ЦД на јапонски битбоксер по име Афра и рече дека тој настапува со уста. Бев апсолутно шокиран што луѓето можеа да прават такви работи, и затоа бев заинтересиран да испробам. И тогаш сфатив, бев прилично добар во тоа.“, вели монахот.

Јогесту понатаму вели дека избрал да се замонаши да ги следи стапките на неговиот татко: „Обично во Јапонија, луѓето стануваат монаси затоа што нивното семејство живее во храм. Но, за татко ми, тој беше само нормална личност која реши да стане монах. Бев инспириран и решив дека сакам да успеам во сегашната улога на татко ми како игумен во храм во префектурата Ивате.“

„Мислам дека во Јапонија, луѓето често го поврзуваат будизмот со погреби, а сутрата има малку негативна и тажна слика, но религијата е за живеење мирно и без болка.“, вели Јогесту кој се обидува да ги промени перцепциите за Будизмот.