Морнар од Ирска, со една рака, храбро пловел низ Атлантикот 37 дена за да стигне на венчавката на својата ќерка

Мислиме дека го пронајдовме идеалниот кандидат за најдобар татко на светот! Како да не е доволно импресивно што поминал 37 дена сам во океанот, туку сето тоа го направил само со една рака, откако му била ампутирана во 2018 година по несреќа со мотор во 2009 година, која сериозно му ја оштетила.

Кога епидемијата на коронавирус се појави на почетокот на оваа година, таткото од Дери, Северна Ирска, се најде заглавен на карипскиот остров Сен Мартин, без можност да се врати дома со авион, затоа што сите летови биле откажани.

Гари не знаеше колку долго може да траат патните ограничувања и со брзо приближување на сезоната на урагани, тој почна да се плаши дека ќе ја пропушти венчавката на неговата ќерка која треба да се случи во септември.

Гари е искусен морнар и има своја јахта наречена „Kind of Blue“ иако претходно никогаш не бил на соло мисија која траела подлго од 7 дена. За потфатот од 4.000 милји му беа потребни 37 дена да го заврши и тој конечно исплови низ ирската река Фојл во сабота на 4 јули.

„Бев фокусиран на враќањето дома, можев да застанам во Азорите, но бев решен да продолжам, да се вратам дома. Има многу работи со кои треба да бидете зафатени, поправки на бродот, работа за одржување и многу време поминувате слушајќи ја временската прогноза.“, вели Гари.

Гари беше пречекан од страна на толпа луѓе во саботата, вклучувајќи го и заменик-градоначалникот на Дери, Греам Варк, кој рече дека приказната на Гари посочува дека може да постигнете многу со страст, решеност и верба. Тој додаде дека најверојатно ќе ги инспирира другите да веруваат дека „и тие можат да им се спротивстават на шансите“.