Морнар принуден да живее на брод-дух четири години конечно си замина дома
Сириски морнар беше принуден да живее на напуштен брод четири години. Сега, конечно, успеа да си замине дома. Мохамед Аиша беше заглавен на МВ Аман од 5 мај 2017 година. Кога продавницата на пристаништето Адабија во Египет, била затворена поради истечените безбедносни сертификати животот му тргнал во лош правец.
Бидејќи либанските изведувачи на бродот не платиле за гориво, а сопствениците имале парични проблеми, како и капетанот кој не бил на бродот, бродот бил осуден да остане покрај египетскиот брег, а Мохамед бил прогласен за законски чувар на бродот. Наскоро, другите можеле слободно да си заминат, но тој морал да остане.
За време на тие четири години, честопати без струја и без друштво починала и неговата мајка. „Сериозно размислував да ставам крај на мојот живот“, изјавил тој за BBC News. Тој, исто така, гледал како минуваат бродови во блискиот Суетски канал, вклучувајќи го и бродот на неговиот брат, но додека тие телефонирале едни со други, биле премногу оддалечени за да си мавтаат.
„Навечер без струја и никој околу себе, во основа тоа беше брод-дух. Не можете да видите ништо. Не можете да слушнете ништо. Како да сте во ковчег.“, објаснува тој.
Му се посреќило откако минатата година во март предизвикала бродот да се доближи до копното, што значи Мухамед можел да плива до копното, не само по набавка туку и да биде со луѓе.
Неговиот случај конечно го прифатил Мохамед Аракед од Федерацијата на меѓународни работници во декември. „Случајот со Мохамед треба да служи за да се отвори сериозна дебата за да се спречат овие злоупотреби на морнарите на бродовите“, вели тој.
Тој додаде: „Оваа драма и страдање на Мохамед Аиша можеше да се избегне доколку сопствениците и страните со одговорности и обврски кон бродот ги преземеа своите одговорности и претходно организираа негово враќање“.
За жал, ситуацијата на Мохамед не е невообичаена. Според Меѓународната организација на трудот, има повеќе од 250 активни, слични случаи со морнари оставени сами на себе, со 85 пријавени само во 2020 година.
Пред да полета кон својот дом тој изјавил: „Како се чувствувам? Како конечно да излегов од затвор. Конечно ќе се приклучам на моето семејство. Ќе ги видам повторно.“