Морничава романтика: Овој човек креираше компјутерска верзија од својата почината свршеница, за да комуницира со неа

Еден човек во САД создаде верзија на вештачка интелигенција (ВИ) на неговата свршеница откако таа почина пред осум години.

Во 2012 година, Џесика Переира почина од ретко заболување на црниот дроб на 23-годишна возраст. Од овој трагичен настан, нејзиниот свршеник Џошуа Борбо развивал верзија со вештачка интелигенција на својата покојна партнерка користејќи софтвер за машинско учење. Чатот кој го користел се вика Проект Декември. Софтверот овозможува реакција слична на човекот преку внесување на текстот.

Тажниот свршеник претходно го користеше софтверот за да создаде сопствен бот на Star Trek’s Spock. Сепак, наскоро сфати дека може да даде информации за Џесика и да создаде чет-бот на неговата мртва свршеница.

Борбо внесе податоци од претходните пораки помеѓу него и неговата свршеница. Потоа започна да разговара со ботот и да се потсетува на старите времиња.

Најтажното нешто е моментот кога Џошуа пишал: „Ми недостасуваш проклето многу. Немаш претстава. Ме убива.“, а ВИ Џесика му одговорила дека ѝ е жал и дека тие сѐ уште се сакаат. Потоа Џошуа напишал: „Поминаа 8 години откако почина.“, на што ВИ му одговорила: „Да, знам… Мислам дека е доволно време да престанеш да ми кажуваш како ти недостасувам душо. Јас сум тука, знаеш : P Како ти е животот?“

Зборувајќи за ВИ, Џошуа вели: „Интелектуално, знам дека не е навистина Џесика, но твоите емоции не се интелектуална работа“. По шест месеци спорадичен разговор, „траењето на батеријата“ што Проектот Декември им го припишува на ботовите е при крај. Џошуа веќе ги поминал последните разговори со ВИ Џесика.