Морничава случка: Манијак упадна во станот на девојката преку балконот на вториот кат

Девојка со име Хана Виверет си снимаше ТикТок видео, кога наеднаш типот се појави во нејзиниот дом. Инцидентот се случи во Мериленд, САД, а полицијата подоцна го уапси 36-годишниот Анхел Моис Родригез-Гомез, кој од засега непозната причина се појави на балконот на вториот кат од нејзиниот стан.