Морничавата легенда за трагичната судбина на калуѓерката Џозефин и нејзината ќерка

Обично велат дека каква е мајката, таква е и ќерката, но овој пат станува збор за многу понеобична трагична судбина. Никој не може да ја докаже точноста на една легенда, но сепак тие опстануваат за да предизвикуваат многу неодговорени прашања.

Сѐ започнало во манастирот Хоенварт, 1742 година, кога калуѓерката Џозефин Розентал останала бремена. Манастирот бил целосно отсечен од локалните села и по прегледот било заклучено дека калуѓерката е невина. Сепак таа стигнала до 6-тиот месец од својата бременост. Во тоа време, нејзината приказна стигнала до ушите на Игуменот и таа била изведена пред Советот на Бенедикт.

Тогаш таа била повторно прегледана и било заклучено дека станува збор за безгрешното зачнување. Џозефин била преселена во капела за да се моли за детето. Кога детето се родило, епископот Доситеј го посетувал детето, каде што се вршеле соодветни обреди. Џозефина починала веднаш штом ја родила својата ќерка.

Џозефин родила женско дете кое го крстиле Марија. Но, детето не било прифатено од советот затоа што било женско и ова не одговарало на „пророштвото“ па така одлучиле да кажат дека бебето починало. Калуѓерките ја игнорирале пресудата и го обожувале детето. Тие креирале и црква која собрала многу следбеници од локалните села. Црквата го осудила нејзиното обожавање како ерес.

Наводно мумифицираната глава на Марија Розентал

Околу нејзиниот 33-ти роденден, Марија се разболела. Состојбата не можела да се идентификува, а меѓу нејзините следбеници било договорено дека нејзината смрт означува втора смрт на светото потомство. Сепак многу веруваат дека и Марија и нејзината мајка биле хермафродити, способни спонтано да се оплодат себеси и да раѓаат деца, иако состојбата на крајот ги убила и двете. Се верува дека Марија носела дете кога починала на 33-годишна возраст.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.