Морничавата животна приказна за автостоперката која 7 години поминала во ковчег под креветот на киднаперот

Утрото на 19 мај 1977 година, 20-годишната Колин Стен, од Јуџин, Орегон, се упатила кон роденденската забава на пријателка, стотици километри далеку во северна Калифорнија. Таа имала проблеми со автомобилот, но била решена да ја изненади пријателката па затоа се одлучила да оди автостоп. Тогаш автостоперите биле честа појава, а самата Колин тоа веќе го правела повеќе пати без инциденти.

Кога Колин стигнала во малиот калифорниски град Ред Блеф во раните попладневни часови, една млада двојка се понудила да ја превезе. Колин верувала дека тие се нормален пар, а присуството на нивното мало бебе ѝ помогнало да ја увери дека направила безбеден избор.

Влегувајќи во нивното комбе, Колин не можела ниту да замисли во каков кошмар се впушта, кој ќе трае 7 години. Исто така не знаела дека парот намерно го искористил присуството на бебето за да младата девојка не се посомнева во нивните намери.

Денес Колин вели дека кога застанале на бензинска пумпа за да одат во тоалет некој глас во неа и велел да излезе од автомобилот и да трча, но таа го препишала тоа на параноја и си останала во возилото. Наместо да ја одведат Колин на забавата Камерон и Џенис Хукер чекале да дојдат до затскриено подрачје, пред да ги направат вистинските намери, околу дваесет минути откако тој мал глас во главата ја предупредил Колин.

Тие сакале да ја киднапираат и да ја користат како сексуален роб, таа требала да го замени местото на Џенис, која дотогаш Камерон ја користел за сексуално ропство. На девојката ѝ се заканиле со нож пред да ја стават во дрвен ковчег, а ковчегот го ставиле под својот кревет. Колин уште првата вечер била силувана од Камерон.

Во наредните 7 години Колин ретко излегувала од ковчегот и ја хранеле еднаш на ден со компири или сендвичи. Кога ѝ дозволувал Камерон да излезе од ковчегот тоа било за да може да ја злоставува. По 7 месеци Колин била присилена да потпише „договор за ропство“. Камерон почнал да ѝ го „пере мозокот“ дека тој е дел од голема тајна организација за ропство на луѓе наречена „Компанијата“ и дека доколку избега и таа и нејиното семејство ќе бидат убиени.

По потпишувањето на договорот Колин добила малку повеќе слобода и можела да работи во дворот или да оди на трчање. Таа толку се плашела од приказната која ѝ ја раскажал монструмот што не ги известила властите. На Колин дури и било дозволено да го посети семејството во неколку наврати кое мислело дека се придружила на култ. Тие не сакале повторно да исчезне па затоа не ја прашувале каде била. Во една прилика во 1981 година дури и Камерот бил со неа кај нејзиното семејство и тие ги фотографирале заедно насмеани бидејќи мислеле дека ѝ е момче.

Сепак по оваа посета монструмот ја засилил контролата и наредните три години најголем дел од времето Колин го поминала во ковчегот под креветот на парот. Во 1983 година на Колин ѝ било дозволено да работи како чистачка во мотел и тука работите полека почнале да доаѓаат до крај.

Чудовиштето во 1984 година ѝ кажало на Џенис дека сака да ја земе Колин како втора сопруга и бидејќи тоа ја налутило ѝ ја кажала вистината на Колин. Откако Колин сфатила дека не постои „Компанијата“ се охрабрила и го пријавила во полиција.

Хукер конечно се нашол на суд во 1984 година и бил осуден за повеќе обвиненија за киднапирање и сексуален напад. Џенис- која самата била сексуално злоупотребувана и измачувана од Камерон од 15-годишна возраст – добила целосен имунитет откако сведочела против него, нудејќи им на полицијата информации за друга жена наречена Мари Елизабет Спанхајк која Хукер наводно ја мачел и убил.

Хукер е зад решетки веќе 35 години. Како и да е, како што неодамна објавија од KCCR News, тој би можел да добие условна казна во 2021. Веќе е започната петиција за ова чудовиште никогаш да не излезе од затвор.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!