Морничави нови фотографии покажуваат Тасманиски тигар, 88 години откако е прогласен за изумрен вид. Неверојатна вистина или измама?
Новите фотографии на кои наводно се гледа тасманиски тигар (познат и како тилацин), предизвикаа возбуда кај јавноста, и покрај тоа што суштеството исчезнало пред 88 години.
Сликите ги поделија корисниците на „Редит“, при што некои веруваат дека можат да го покажат вистинскиот ѕвер, додека други се сомневаат дека сето тоа е голема лага. Момчето по име Зак ги сподели снимките со американскиот експерт за диви животни Форест Галанте и тврди дека налетал на животното со својот татко додека бил на одмор во Тасманија во април.
Зборувајќи со Форест на неговиот канал на „Јутјуб“, Зак тврдеше дека тој и неговиот татко прво го помешале со куче додека тоа не ја „отворило устата“ и не испуштило крик што ја „замрзнува“ крвта.
Зак изјавил дека соочувањето со наводниот тасманиски тигар траело околу половина минута, давајќи му доволно време да направи неколку фотографии пред суштеството да истрча.
„Не бевме сигурни што ќе направи со нас. Беше како да чекаме едниот или другиот да не нападне“. По интервјуто, Форест рече: „Навистина, навистина сакам да му верувам, но личи како измама“.
Коментирај анонимно