Морони без мозок си ги ризикуваат животите само за да направат супер фотка на железничката пруга

Објавена е шокантна серија клипови од видео надзор, на кои се гледа што се ќе направат луѓето за да направат добра фотка на желенички премин во Норингемшир.

Во еден инцидент на 13 јули оваа година, четири момчиња се видени како играат на средината. Едно од младите легнува на патеката со скрстени раце преку градите додека неговите другари го фотографираат.

 

Момчињата не се единствените идиоти кои ја третираат оваа железничка пруга како локација за фотографирање.

Во друг клип од август минатата година, еден маж е снимен како фотографира жена додека таа се фаќа за стол среде шините. Се гледа како мажот ја става едната нога на пругата додека ја фотографира жената која зазема неколку заводливи пози.

 

Други клипови покажуваат жена која доаѓа на една секунда од возот додека го шетала своето куче на преминот на 6 мај оваа година. На снимката која го запира срцето, машиновозачот постојано свири, неколку моменти пред жената да се пробие низ портата.

Network Rail ги објави видеата за да ја подигне свеста за смртоносните опасности од играњето на железничките линии.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *