Морските безрбетни животни, од видот реброносци, можат да се спојуваат во ЕДНА индивидуа – имаат синхроизиран мускулен и дигестивен систем
Неодамна, тим од научници од Универзитетот во Ексетер во Велика Британија и Националниот институт за природни науки во Оказаки (Јапонија) открија дека кога ќе се оштетат, безрбетниците Mnemiopsis leidyi може да се спојат во една индивидуа, споделувајќи некои од функциите на телото. Студијата е објавена во списанието „Current Biology“.
Тим на истражувачи предводени од д-р Кеи Јокура чувале популација на морски безрбетни животни, реброносци во аквариум со солена вода кога забележале невообичаено голем примерок со чудна форма на телото. Се чинело како две од животните да се споиле во едно.
„Бев многу изненаден“, изјави д-р Јокура за IFLScience. „Тогаш бев сам, но веднаш отидов да им го покажам на другите истражувачи“.
Нивните сомнежи биле потврдени кога Јокура наишол на стара, но многу релевантна студија за центофори. По внимателно проучување на описите на успешните експерименти за трансплантација на ткиво на безрбетници, тимот одлучил да спроведе свои експерименти. Тие собрале безрбетници од различни локации пронајдени во различни денови и ги ставиле во близок контакт откако извадиле дел од нивното тело.
Резултатите од експериментите беа впечатливи: девет од десет експерименти покажаа дека тие успешно се споиле, а сите споени парови ги преживеале трите недели што ги поминале во резервоарот за чување. Во тоа време, тие развиле општи функции на телото, вклучително и синхронизирани мускулни контракции.
„Бевме изненадени кога откривме дека механичката стимулација применета на едната страна од споениот безрбетник резултираше со синхрона контракција на мускулите од другата страна“, рече Јокура.
Споените индивидуи, исто така, имале обединети дигестивни патишта, кои обезбедувале доволна исхрана за целото тело.
Коментирај анонимно