Мотивација на денот: „Ме избркаа од работа затоа што ставав видеа на „Тикток”, ама затоа сега мојата сметка е 6 цифрена и продолжува да расте. Дознајте како и вие да го направите истото!”
Таа го покажа својот живот од соништата – и сега им помага на другите да го направат истото.
24-годишната Надија Калед била принудена да ја промени кариерата откако била отпуштена од нејзината ниско платена работа поради снимање на „TikTok” на работа.

Неочекуваниот отказ ѝ дал поттик да го започне својот шестцифрен бизнис, вели таа.
„Од никаде, ме отпуштија од работа затоа што објавив „TikTok” што го снимив на работа – немав поим дека ќе се случи тоа“.
Калед рече дека во тоа време била „депресивна“, натрупувајќи илјадници долгови за да ја заврши магистерската диплома по клиничка терапија. Таа се чувствувала „мизерно“ на својата работа како советник, признавајќи дека се чувствувала „прегорена од работа цело време“.
„Некако сè уште бев многу во тесно со пари, иако работев 40 часа неделно, а понекогаш и неколку пати месечно работев ноќна смена“, објасни таа.

Пред да биде избркана, Калед почнала да го зголемува своето присуство во „TikTok”, каде што сега може да се пофали со преку 477.000 следбеници. Тоа што останала невработена, било нејзиниот „знак“ да се фокусира на зголемувањето на нејзините следбеници на социјалните мрежи и да се нурне во тоа за со полно работно време.
„Решив да го сфатам тоа како знак од универзумот“.
За само 12 месеци, Калед го трансформираше својот мизерен живот во живот полн со возбуда.
Мора да ја отфрлите целата оваа идеја дека треба сами да го планирате секој чекор“, рече таа.

„Дозволете универзумот да ги реши тешките работи за вас и само верувајте дека сè функционира. Гледајте како сè друго само си доаѓа на свое место“.
Калед склучила договори за брендови и основала сопствен тренерски бизнис за да ја подари својата мудрост на другите, што брзо се зголемиле и станале работи од по шест цифри.

Таа тврди дека и помогнала на една жена да манифестира и да го добие нејзиниот стан од соништата во Њујорк, и тврди дека клучот за успешна манифестација е да се биде „во заблуда“, дури и ако се чувствувате „малку лудо“ на таа тема.

Коментирај анонимно