Мотивациски говорник објаснува како две едноставни зборчиња можат да ве ослободат од тоа да ги сфаќате работите лично и да си го зачувате мирот

Мел Робинс, мотивациски говорник и автор, во видео објаснува т.н. „Let Them теорија“ односно „Нека ги“ – едноставен, но моќен начин на размислување што помага да не ги сфаќаме работите лично.

„Ако пријателите не ве покануваат на бранч, пуштете ги. Ако личноста што ви се допаѓа не сака врска, пуштете ја. Ако децата не сакаат да одат со вас некаде, пуштете ги. Многу време и енергија трошиме за да ги натераме луѓето да ги исполнат нашите очекувања. А вистината е, некој, особено некој со кој се гледате или пријател, ако тие не се трудат кон тебе како што треба, не ги форсирај да се сменат. Не троши енергија обидувајќи се да ги промениш другите – затоа што тие ти покажуваат кои всушност се. Само „нека ги“ и потоа ти одлучуваш што ќе правиш следно“.

Не можеме да ги контролираме другите луѓе, но можеме да контролираме како ќе реагираме. „Нека ги“ значи да им дозволиш да бидат тоа што се – и наместо да се нервираш, поставуваш свои граници и го штитиш својот мир.

 

 

  • Sase напиша:

    “Let it be” – Beatles

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *