Мотивација на денот: „Мис Британија 2020“ порано тежела 107 килограми, а погледнете ја како изгледа сега!

Џен Аткин ја освои титулата „Мис Велика Британија“ на 21 февруари. Нема да има ништо необично во оваа вест ако на крај немаше едно „но“. Но, пред неколку години манекенката не изгледала вака, тежела 107 килограми и мислела дека нејзиниот живот завршил.

Бидејќи Џен била во сериозна врска, таа толку многу се опуштила што си дозволила да се здебели до 107 килограми.

Еве го тоа НО… Но, откако раскинале со дечкото, целиот нејзин стабилен свет се урнал. Многу размислувала и сфатила дека е време да се започне да менува нешто кај себе.

Таа почнала да гледа видеа на интернет и почнала да оди во теретана. Таа исто така почнала да вози и велосипед. Тоа и да не ја заборавиме упорноста и јасно поставената цел, се доволни човек да си го оствари сонот.

Кој е вашиот изговор?