Мотоциклист ја снима сопствената несреќа: За влакно се спасува додека му помага на пријателот

Џошуа Лендис и својот пријател, страствени моторџии, решиле да тргнат на забавно возење кое притоа ќе биде снимено на камера, за спомен. Но, Џошуа за влакно избегнал трагедија со фатален крај. Имено, пријателите тргнале да се возат, но во еден миг пријателот на Џошуа застанал, а Џошуа продолжил да вози. Кога забележал дека пријателот не е зад него, барал соодветно и безбедно место да заврти, за да се врати по пријателот.

Во меѓувреме пријателот се вратил на патот. Кога Џошуа се разминал со пријателот, нагло завртел и во тој момент во него удрил автомобил кој возел со голема брзина. Џошуа летнал преку кровот на автомобилот и паднал на асфалтот, додека неговиот мотор летнал неколку метри подалеку. За среќа, немал сериозни повреди и веднаш станал на нозе. Наместо да добие снимка од забавно возење со својот пријател, Џошуа го овековечил моментот кога за влакно ќе го изгубел сопствениот живот. Оваа немила случка е класичен пример дека мало невнимание и непромислени одлуки може да завршат фатално.