Може ли остров да плови на вода? Овие оази на зеленило го прават токму тоа!

„Дали островите пловат низ водата?“, прашање кое би можело да му падне на памет на детенце коесè уште не го разбира концептот на остров. Сепак, не би било сосема лудо прашање, бидејќи навистина има пловечки острови низ целиот свет.

Главно станува збор за маса на растенија, кал и тресет што плови на површината на водата, а нејзината дебелина може да варира од неколку сантиметри до неколку метри. За време на големи бури и налети на силен ветер, овие острови можат да се отцепат од брегот и да продолжат да пловат преку езерото во зависност од тоа како дува ветерот.

Таквите острови биле забележани уште од античко време, па затоа денес имаме записи за нив од времето на Римската империја кога пловеле на реката Тибар.

Денес, обично можете да ги најдете во природата на езерата или во мочуриштата, а доколку имате среќа да налетате на едно од нив, тие ќе ве воодушеват со богатството на нивната флора. Постојат и вештачки пловечки острови, како и оние со природно, но невообичаено потекло.

Необичен случај се случи пред неколку години на Флорида, кога ураган го преполови веќе постоечкиот пловечки остров, а сега два острови лебдат на езерото Мери Џејн.

Каде можеме да ги најдеме?

За почеток, ајде да одиме кон Перу, кон границата со Боливија. На езерото Титикака има вештачки острови каде живеат жителите на Урош. Подигањето вештачки острови беше начин на одбрана од другите племиња кои не можеа да ги „уловат“ на овој начин.

Друг познат остров е т.н. Спирален остров во Мексико создаден од британскиот уметник Ричард Реиши Сова. Она што е интересно во врска со тоа е што тој беше подигнат со помош на илјадници рециклирани пластични шишиња, а неговиот сопственик го држи како брод врзан со јаже до брегот. За жал, оригиналниот остров беше уништен од ураган.

Во Австралија, пловечки острови се подигнати на неколку места како безбедни места за птиците преселници да најдат храна и дом тука далеку од урбаниот хаос.

Најблиску до нас, еден таков пловечки остров се наоѓа во Виситорското езеро во Црна Гора.