Можеби не е најубава, но е НАЈБОГАТА: Победничката на избор за убавина во Русија е остро критикувана за нејзиниот изглед по објавувањето на „вистинска” фотографија од неа од настанот

Победничката на рускиот натпревар „Госпоѓа Русија“, која наиде на големо исмејување на интернет поради нејзиниот изглед, беше откриено дека е сопруга на спонзорот на натпреварот кој впрочем е и милијардер.

 

Наталија Оскар (34) од Хабаровск во далечната источна Русија победи на натпреварот во вторникот.

Но, таа беше безмилосно исмејувана од корисниците на социјалните мрежи откако „вистинска“ фотографија од неа се прошири на интернет, на која се покажаа нејзините многу полни усни и низок раст.
Луѓето се прашуваа како таа победила на натпреварот и дали таа била единствената што учествуваше.

 

Но, сега е откриено дека таа е во брак со Роман Безматерних (45), милијардер кој продава градежни материјали и е сопственик на фирма која го спонзорирала шоуто.

Рускиот канал „Топор Телеграм” објави: „Јавноста разговара за резултатите од натпреварот, кои завршија двосмислено.
Луѓето се прашуваат како со ваквата појава Наталија успеа да ја добие круната на кралицата за убавина. Се испостави дека сопругот на Наталија е милијардер, Роман Безматерних, кој има цела деловна империја поврзана со продажба на градежни материјали. Една од фирмите на Роман беше спонзор на натпреварот”.

 

Натпреварот „Госпоѓа Русија“ – кој се разликува од изборот за Мис на Русија – е наменет за мажени жени кои имаат деца.
Сега се чини дека победничката Наталија Оскар е всушност Наталија Кудијакова, според други извори. И има една ќерка, Моника, со сопругот на градежниот магнат, Роман.

Но, откако победи, на интернет беше широко споделена фотографија од натпреварот на која се гледа со мрсно чело и набори под образите.
Корисниците на социјалните мрежи – многумина од Украина – потоа упатија смешни коментари за нејзините полни усни, тешка шминка и низок раст.
Други сугерираа дека претерала со пластичната операција, а некои рекоа дека изгледа „сосема поинаку“ од личноста што победила.
Додека други рекоа дека нејзиниот профил на „Инстаграм” е очигледно полн со дигитално изменети фотографии.

 

Еден напиша: „Ако таа е победничка, малку ми е страв да прашам дали има фотографии од второпласираните“.

Друг напиша: „Русија лаже за сè. Дури и за изгледот”.

Организаторите потоа беа принудени да ја бранат „вистинската“ слика, обвинувајќи го лошиот агол на фотографијата.

 

Но, организаторите рекоа дека одлучиле да ги отфрлат тие критериуми и да ги прифатат жените какви што се.
Г-ѓа Кирсанова додаде: „Ова сепак не е натпревар за манекенки, туку натпревар на мажени жени и мајки“.
Годинава учествуваа 83 жени, при што г-ѓа Оскар ја освои наградата откако ја испеа песната „I’m Your Mrs“.
Г-ѓа Оскар предава англиски јазик, а исто така е пејачка и живее со сопругот, ќерката и кучето.

 

Победничката на „Госпоѓа Русија“ изјави за таблоидот „Стар Хит“ дека не се грижи за онлајн малтретирањето и ги негираше тврдењата дека имала пластична операција.

Таа рече: „Знам дека работев напорно за натпреварот. Го поминував целиот ден во штикли, со само неколку часа сон и потоа го поминував денот од утрото до вечерта на проби”.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *