Можеше да има малку почит! Ким Кардашијан го носеше иконскиот крст на принцезата Дијана, но не мораше да го истакне на таков вулгарен начин
Реалити ѕвездата (44) го облече овој симболичен накит на Гала вечерта за уметност и филм на ЛАКМА во Лос Анџелес, во саботата. Таа го комбинираше антиквитетскиот аметист крст со бела вечерна тоалета со длабоко деколте и други големи парчиња накит.
Поранешната ѕвезда од „Кардашијанс“ го купи крстот „Атала“ на аукцијата на Сотби за нешто помалку од 200,000 долари во 2023 година и го носеше за првпат овој викенд. Критичарите брзо ја обвинија мајката на четири деца дека е без вкус и со недостиг на почит поради нејзиниот избор.
„Го претвори во нешто вулгарно“, коментира еден корисник на X. Друг напиша: „Имаше храброст да го носи со оваа облека. Целосно е без осет, некултурна и нарцисоидна“.
Крстот „Атала“ го носеше палестинско-британскиот бизнисмен Наим Атала, кој редовно го позајмуваше на принцезата Дијана во 1980-тите. Дијана беше фотографирана со овој крст на добротворна гала во 1987 година, облечена во виолетова кадифена тоалета од Кетрин Волкер.
Крстот, изработен во 1920-тите од Гарард, е составен од квадратно исечени аметисти и 5,25 карати кругло исечени дијаманти. Принцезата Дијана го носеше овој накит на неколку јавни настани.
Таа сака да се поврзе со кралското семејство толку многу. Ако веќе ќе носиш ваков значаен религиозен симбол, барем носи го со класа, како Дијана. Покажи малку почит… Но, Ким е очајна да биде запаметена како славните жени од минатото – Мерилин Монро, Елизабет Тејлор, Принцезата Дијана – и мисли дека може да купи пат до славата.
Коментирај анонимно