Можно е! Како да го одржите бракот или врската во живот, кога сѐ изгледа како да е против вас
Веројатно сте чуле во изминатата година, особено во месеците за време на карантинот, дека нечија врска или брак се на стаклени нозе. Можеби сте се нашле во ситуација кога престојувањето дома со вашиот партнер ви ги отворило очите и сте сфатиле дека можеби не сте едни за други. Причините за прекини при карантин не мора да бидат поврзани само со заклучување во куќата. Можеби тоа затворање само ги вади на површина проблемите што двојката претходно ги туркала под килимот.
Сепак, има и такви парови кои едноставно не се навикнати да поминуваат толку многу време заедно, па се наоѓаат во ситуација што не е природна за нив и не се сигурни како да се справат со тоа. Но, таквата ситуација не мора да биде причина за проблеми во врската или бракот. Ако ве интересира како да преживеете и покрај фактот дека нашите животи се променија, дури и кога сте опкружени со прекини и лоши односи, прочитајте ги советите подолу.
1. Учете од грешките на другите луѓе

Кога сте сведоци на разделување на парови околу вас, бидете внимателни. Ако ви се блиски, веројатно имате увид во нивните проблеми. Можете да разговарате за нив со вашиот партнер за да видите дали самостојно се движите во погрешна насока. Учејќи од грешките на другите, можете да ја заштитите вашата врска од истата судбина.
2. Имајте реални очекувања
Не сонувајте за некои работи што никогаш не сте ги кажале на глас и очекувате од вашиот партнер да ги постигне затоа што, ете, тој треба да ви ги чита мислите. Слично е и обратното, се разбира.
Ако сакате некои работи кажете го тоа. Ако ви се приближува роденденот и имате некои желби, навестете му ги на вашиот партнер. Тој сигурно ќе ве сослуша и ќе се сети дека спомнавте нешто.
3. Обезбедете време за вас

Ние често сме робови на нашите распореди и во сето ова сакаме да им посветиме доволно внимание на сите што ги сакаме и потоа да заборавиме на најважната личност за нас. Бидете сигурни дека вие двајцата секогаш имате време еден за друг, барем една вечер во неделата што ќе биде посветена само на вас. Организирајте романтична вечера дома, гответе заедно, гледајте филм … Што и да ви одговара.
4. Вежбајте трпеливост
Постојат моменти кога треба само да вежбате трпеливост. Не е секогаш лесно, но може и да биде. На пример, ако не сакате член на семејството на вашиот партнер, не мора постојано да го истакнувате тоа. Бидете љубезни, но далечни со таа личност.
5. Имајте отворена комуникација
Комуникацијата може да биде меч со две острици. Од една страна, веројатно сакате да имате отворени дискусии со вашиот партнер, но во исто време не сакате да претерувате.
Имено, можно е едноставна мала работа да се претвори во голем проблем кога разговорот ќе отиде предалеку. Затоа, добро е да изберете свои битки. Ако навистина мислите дека нешто е проблем, седнете и поправете го тоа. Ако мислите дека нешто е мало и безначајно, тогаш оставете го.
6. Сетете се колку одлична врска имате

По целата лудост на животот, се се сведува само на вас двајца. Без оглед што се случува околу вас, не заборавајте колку сте одличен пар. Нека мислите бидат позитивни. Не дозволувајте мали стресови да влијаат на вашата врска. Ако се цените едни со други, вашата врска ќе ви обезбеди сигурност што малкумина можат да ја обезбедат.
7. Дружете се со среќни парови
На крајот на денот, дружете се со луѓе кои се среќни. Луѓето имаат навика да присвојуваат одлики на луѓе кои им се блиски. Ако се опкружувате со среќни парови, тоа ќе има позитивен ефект врз вашата врска.
