Мрзливи или генијални? „Гаџетот“ што станува задолжителен во кујните на ѕвездите – па дали би дале стотици евра за еден?
Значи заборавете на модерни фрижидери, машини за кафе, мермерни работни површини – новиот „гаџет“ за кујната кој е симбол на висок статус е чешмата за топла вода над вашиот шпорет. Да, добро слушнавте!
Наречени „мрзливи чешми“, апаратите ви овозможуваат да наполните тенџериња, шолји и други прибори со дополнителна топла вода, заштедувајќи време на вриење на водата и без да мора тоа да го правите под вашата обична чешма па да одите до шпортетот, долг е патот…
За разлика од славините за кујна или бања, наместо да се монтираат над мијалникот, „мрзливите“ славини се поставуваат над плочата за готвење, за полесно користење додека готвите.
Чешмите може да чинат некаде помеѓу 170 до 1100 евра и стануваат сè попопуларни благодарение на „појавувањето на телевизиски емисии и обиколки по домовите на познатите личности“.
Изгледа дека Меган и Хари имаат една во нивната кујна во Колибата Фрогмор – видено во црно-белата снимка на парот споделена во нивната серија на Нетфликс.
Друг обожавател е Аманда Сејфрид, која ја покажа својата верзија за време на домашната турнеја на YouTube за Architectural Digest. Во меѓувреме, и Хејли Бибер и Кендал Џенер ги имаат чешмите во нивните врвни кујни.
Дијана Бламирес, од Homebase, рече: „Овие чешми не само што им овозможуваат на клиентите лесен и удобен начин за добивање топла вода, туку за многумина, тоа е стилска одлука за кујните бидејќи топлите чешми изгледаат толку одлично. Ако работите или учите од дома, водата од топлата чешма може да заштеди драгоцени минути“.
Инаку ако уште се прашувате да, разликата од обична чешма и оваа, е локацијата. Оваа се наоѓа над шпоретот. Изгледа американците не слушнале за болјерче, а дизајнерите не знаат што веќе да направат за во кујната..
Коментирај анонимно