Мујо и Хасо ограбуваат стан (виц)

Мујо и Хасо останале без пари, криза, па решиле да ограбат еден стан. Влегле ноќе во една зграда, провалиле во еден стан и почнале да бараат вредни предмети. Наеднаш слушнале како доаѓа чуварот на зградата. Мујо му вели на Хасо:
– Хасо брзо, скокај преку прозорецот!
– Ама ова е 13-ти спрат!
– Абе не биди суеверен, скокај!