Му нашле рак и му рекле дека ќе живее уште 6 месеци – тој се преселил во „сината зона“ на Грција и живеел уште 45!

Роден во раните 1900-ти, Стаматис Мораитис се преселил од својата родна Грција во САД како млад човек, но во 1976 година неговиот живот се превртел наопаку откако ја добил катастрофалната вест дека му останале уште околу шест до девет месеци живот, поради рак на белите дробови.

Отстапувајќи од својата судбина и не сакајќи да ги плати астрономските трошоци за погреб во Соединетите држави, Стаматис решил да се врати во својата родна Грција, населувајќи се на островот Икарија за да ги живее последните денови. Сепак, излегува дека Стаматис чекал многу подолго отколку што очекувал за својот погреб.

Поминал девет месеци на островот и Стаматис сè уште живеел, тој никогаш не се лекувал со хемотерапија и не барал понатамошно лекување за неговиот рак освен тоа што се вратил на својот роден остров. Поминувајќи ги деновите во домот на неговите стари родители на Икарија, чувајќи ги семејните лозја, Стаматис почнал да чувствува дека неговото здравје се подобрува. Всушност, тој продолжил да живее уште 45 години пред да почине мирно од старост во 2013 година, на возраст од 98 години. Тој дотогаш повеќе никогаш немал рак.

Говорејќи за „Би-Би-Си“ за тајната на неговата долговечност, тој еднаш изјавил: „Јас не сум доктор, но мислам дека виното помогна“.

 

 

 

Икарија: островот каде луѓето „не умираат“

Често нарекуван „остров на кој луѓето забораваат да умрат“, Икарија долго време е место кое фасцинира многумина. Островот се смета за една од „сините зони“ на планетата, област со невообичаено висок животен век. Вообичаено, во сината зона луѓето живеат во просек десет години подолго отколку во другите делови на светот.

Што се однесува до Стаматис, тој ја припишал својата долговечност на јадењето храна од локално потекло, вклучително и виното, како и на животот без стрес.  Тој дури и би одбил да консумира вино кое било премногу комерцијално, поради адитивите што се ставале во него. Наместо тоа, каде и да одел со себе си носел свое.

 

 

 

Зошто луѓето кои живеат во „сините зони“ живеат толку долго?

Една теорија е дека храната што се произведува во овие области се совпаѓа со онаа што лекарите би ја препорачале за здрава исхрана. Таканаречената „медитеранска диета“ има правилни пропорции на зеленчук, протеини и здрави масти, како и ниска содржина на шеќер. Сето ова е добра храна.

 

 

Додека генетиката исто така игра улога во тоа колку долго некој може да живее, лекарите велат дека начинот на живот е најважен. Одлуките околу исхраната, вежбањето, како и навиките како што се пушењето и пиењето алкохол, сите имаат влијание врз нечиј животен век.

Постои, се разбира, и елемент на среќа. Ако ве удри автобус додека поминувате улица, џабе сте се хранеле здраво цел живот. Но, за Стаматис се чинело дека сонцето, добрата храна, виното и мирот се доволни за си го продолжи животот за 45 години.

  • zoritoler imol напиша:

    You are my inspiration, I own few blogs and rarely run out from brand :). “Actions lie louder than words.” by Carolyn Wells.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *