Му раскинала на своето момче милионер во сред продавница на „Louis Vuitton“ во Њујорк: „Си ги купив сама работите што тој ги врати – чинеа 130.000 долари“
По расправија во главната продавница на „Louis Vuitton“ во Њујорк, бразилската манекенка Едуарда Јохимс, позната како „Тајни” по нејзината минијатурна половина, ја заврши својата врска со своето многу богато момче. Парот биле на шопинг кога нивната пријатна авантура се претворила во конфликт за нивната врска на далечина.
„Завршивме со расправија во продавницата; изгледаше како нешто од шпанска сапуница” изјави таа за „NewsX“, потсетувајќи се на тој неверојатен момент. По бурната расправија, бизнисменот ги вратил сите дизајнерски предмети што ги купил за неа, во вредност од речиси 130.000 долари.
„Одеднаш, отиде до автомобилот, ги извади сите подароци што ги купи и побара да му се вратат парите”, сподели Јохимс. Сепак, таа брзо ги презела работите во свои раце и повторно ги купила предметите со свои пари.
Размислувајќи за својата врска, Јохимс вели дека го предвидела раскинувањето, опишувајќи го својот поранешен дечко како екстремно љубоморен. Тој често барал многу внимание од неа, што не се совпаѓало со нејзиниот стил на комуникација, создавајќи напнатост помеѓу нив.
Сега, како сингл, Јохимс изјави дека добила повеќе слобода и повеќе мотивација. Таа ги нагласи позитивните аспекти на својата нова независност, изјавувајќи: „Веќе немам љубоморна личност што се обидува да ме контролира до мене”.
Со нови проекти на хоризонтот, се чувствува силна да ги следи своите цели без страв од пречки.
Коментирај анонимно