Мудар совет од милијардерот Воред Бафет до сите родители: „Без разлика колку пари имате, едно нешто треба да направите за вашите деца додека сте живи“
Извршниот директор на „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет, ги советува сите родители, без разлика на нивната финансиска состојба, да им го дадат својот тестамент на децата за читање пред тие да го потпишат.
„Осигурете се дека секое дете ја разбира логиката зад вашите одлуки и одговорностите со кои ќе се соочи по вашата смрт. Ако има прашања или предлози, внимателно сослушајте ги и прифатете ги оние што ги сметате за разумни“, истакнува Бафет во писмо чии извадоци ги објави „CNBC News“.
Според Бафет, најдобро е децата да можат да поставуваат прашања додека родителите се сè уште во можност да одговорат.
94 годишниот милијардер, чие богатство според „Forbes“ изнесува 150 милијарди долари, има две ќерки и еден син. Сузи Бафет (71 година) го предводи Фондот Шервуд, кој се занимава со развој на предучилишното образование. Хауард Бафет (66 години) раководи со сопствен фонд чија цел е обезбедување на прехранбена сигурност и ублажување на последиците од воените конфликти. Двајцата се дел од бордот на директори на „Berkshire“. Питер Бафет (66 години) е раководител на фондацијата „НоВо“, која меѓу другото се грижи за поддршка на домородните народи во САД.
Бафет сведочел на многу семејни конфликти кога тестаментите ги оставале наследниците во збунетост, па дури и во гнев, бидејќи љубомората и нерешените детски недоразбирања се интензивирале.
„Не гледам ништо лошо во тоа да ја браниш својата гледна точка. Мојот татко го правеше истото“, напишал тој.
Во јуни Бафет изјави дека ќе го донира најголемиот дел од своето богатство во специјален фонд под управување на неговите деца, кои ќе треба заеднички да одлучат за какви хуманитарни цели ќе се наменат средствата. Од 2006 година тој редовно донира средства во пет добротворни организации, а неодамна објави донација на акции од „Berkshire“ во вредност од 1,2 милијарди долари.
Коментирај анонимно