Мудра животна приказна за земјоделецот кој го гледаше зајдисонцето

Бидете внимателни кога им судите на другите – можеби тие зборови кажуваат повеќе за вас отколку што мислите. Токму оваа мудра приказна за земјоделец носи моќна порака, која секој од нас треба добро да ја запамети.

На крајот на денот, по тешката работа, стариот земјоделец седна на клупа пред својот скромен дом и уживаше во погледот на ливадата и зајдисонцето.

Покрај неговата куќа имаше патека што водеше кон следното село. Еден господин одеднаш помина покрај земјоделецот кој уживаше гледајќи го зајдисонцето и си помисли: „Колку мрзлив човек. Наместо да работи нешто, тој само седи пред куќата и ужива“.

Малку подоцна, еден друг господин помина покрај земјоделецот и помисли: „Овој човек изгледа како Дон Жуан, веројатно седи пред куќата да гледа и да заведува жени“.

Тогаш помина и еден шумар и помисли: „Овој човек е вреден работник. Работеше напорно цел ден, а сега ужива во заслужениот одмор.“

Не знаеме многу за овој земјоделец, но можеме да заклучиме дека тројцата што поминаа покрај него имаа сосема поинакво мислење за него, и тоа мислење всушност зборува за нивниот карактер: првиот е мрзлив, вториот женкар, а третиот многу вреден.

Она што го зборуваме за другите може да биде показател за тоа што носиме во нас. Проекцијата е одбранбен механизам преку кој луѓето му припишуваат на надворешниот свет нешто што всушност важи за нив. Нешто што навистина би сакале да го промениме во себе.

Следниот пат кога ќе започнете да им судите на другите, обратете внимание на тоа што велат тие мисли за вас. Можеби тие најдобро откриваат за тоа какви промени треба да направите во себе.