Мудриот учител и ученикот кој не напредувал (виц)
Ученикот го прашал учителот:
– Учителу, ти си многу мудар, те молам кажи ми зошто јас не напредувам?
Учителот се подзамислил и рекол:
– Дали ти ученику го виде од исток изгрејсонцето што ја осветли долината?
– Го видов, учителу!
– А, дали го почувствува јужното ветре што ги трепереше лисјата на дрвјата?
– Го почувствував, учителу!
– А, ја долови ли аромата на вишновите цветови?
– Ја доловив, учителу!
– Ете затоа не напредуваш – затоа што по цел ден само лежиш и зјапаш…
Коментирај анонимно