Најбогатите луѓе во светот станаа побогати за 1,2 трилиони долари во 2019 година

500-те најбогати луѓе во светот колективно собраа дополнителни 1,2 трилиони американски долари само во 2019 година. Богатата „дружина“ сега има комбинирано богатство од 5,9 трилиони долари – зголемување за скоро една четвртина од минатата година.

Главниот извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, ја завршува деценијата како најбогата личност на земјата со вкупна нето вредност од 116 милијарди долари, дури и откако изгуби пари во разводот со сопругата со која беше во брак 23 години, Мекензи, ова лето.

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, се најде на второто место на листата на најбогати луѓе во светот, што беше составена од Индексот за милијардери на Блумберг. Богатството на Гејтс се зголеми за 22,7 милијарди американски долари оваа година, со што неговата вкупна нето вредност достигна 113 милијарди американски долари и го победи својот следен најблизок конкурент, францускиот милијардер Бернар Арно, за 7 милијарди долари.

Иако Арно се најде на третото место на списокот, тој имаше најголема корист во текот на изминатите 12 месеци со тоа што донесе дополнителни 36,5 милијарди американски долари, со што вкупното богатство го зголеми на 106 милијарди долари.

Претприемачот Кајли Џенер, исто така, се најде во првите 500 откако стана најмладиот само-направен милијардер оваа година преку нејзината линија за шминка и убавина. 22-годишната заработи 3,8 милиони долари само преку Инстаграм во 2019 година, иако нејзината заработка преку платформата не ја надмина онаа на сестрата Кендал, која ја заработи титулата на најплатена женска личност на Инстаграм во 2019 година, откако однесе неверојатна 15,9 милиони долари.

Придружувајќи им се на Безос, Гејтс и Арно во првите пет најголеми заработувачи е и извршниот директор на Беркшир Хатавеј Ворен Бафет и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Марк сепак успеа да заработи дополнителни 27,3 милијарди долари оваа година.