Најбогатиот човек во Кина донираше 13 милиони евра за развој на вакцина против коронавирус

Најбогатиот човек во Кина донираше 100 милиони јуани (13 милиони евра) за да им помогне на научниците да развијат вакцина против смртоносниот коронавирус.

Џек Ма, основачот на Алибаба, дарежливата донација ја даде преку неговата фондација откако беше објавено дека најмалку 133 лица починале по избувнувањето на вирусот во кинескиот град Вухан.

Пријавено е дека 40% од донациите, околу 5 милиони евра, ќе бидат поделени помеѓу Кинеската академија на науките и кинеската инженерска академија, каде експертите очајно се обидуваат да ја создадат инокулацијата. Остатокот од парите ќе биде насочен кон поддршка на персоналот од истражувачки институции низ целата земја и низ целиот свет, бидејќи напорите за контрола и спречување на смртоносниот вирус продолжуваат.

Пријавено е дека Ма „тежи“ 42,8 милијарди долари и беше прогласен за најбогат човек во Кина во 2019 година, пренесува „Форбс“. Фондацијата на 55-годишниот вети дека ќе им понуди на сите потребни експерти компјутери со ВИ за тимови за истражување без никаков надомест, за да помогне во справувањето со оваа болест.

Тоа доаѓа откако Алибаба претходно издвои уште една милијарда јуани (130 милиони евра) кон медицински материјали за болниците во градот Вухан и провинцијата Хубеи, во неделата. Според експерт од Националната комисија за здравство во Кина, тие се „многу блиску“ во создавање на вакцина, но „процесот ќе потрае“.