Најдобриот пријател во лошо се познава! 3-годишно дете се изгубило во шумата, но за среќа некој не го оставил само

Една мајка „полудела од грижи“ откако нејзиниот 3-годишен син кој се играл во дворот со браќата и сестрите одеднаш го снемало.

Таа повикала полиција и се надевала дека набрзо ќе го најдат. Но, во таа паника не ни приметиле дека недостасува уште еден член на семејството.

За среќа момчето не било киднапирано, туку залутало во блиската шума, а заедно со него тргнало и нивното куче Бади. Кучето не се делело од малото момче и го следело секој негов чекор. Набрзо еден од соседите кој бил на прошетка во шумата го забележал момчето, но не можел да му се доближи затоа што кучето лаело и се однесувало заштитнички кон момчето.

Тогаш човекот се јавил во полиција, иако не знаел дека веќе го бараат 3-годишното момче. Полицајците пристигнале и го однеле дома и момчето и послушниот Бади. Полицајците го пофалиле Бади за неговиот заштитнички инстинкт.