На 100 километри од Белград се продава имот од 1,13 хектари со ДВЕ КУЌИ и нема да верувате за која цена

На страницата на Фејсбук, на која се огласуваат куќи и до 20.000 евра, се најде комплетен имот од 1,13 хектари со две куќи во близина на Ваљево за 16.500 евра.

 

„Се продаваат две куќи и имот во Врагочаница од 1,13 хектари. Домаќинството се наоѓа во близина на Ваљево, на 20 километри од градот и 110 километри од Белград. До самиот имот води асфалтираниот пат, има 113 ари и се е едно парче“ – стои во дел од објавата.

Исто така, беше констатирано дека домаќинството е приклучено на струја, а водата се зема од сопствен бунар. Куќите се постари, но може да се адаптираат.

„Сите хартии се во ред, сопственост 1/1, а договорот може да се одработи. Цената е 16.500 евра“ – заклучува продавачот.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *