На 27-ми мај огромен астероид ќе помине покрај Земјата, предупредува НАСА
Центарот на НАСА, за проучување на објекти во близина на Земјата, предупредува дека огромен астероид, дури четири пати поголем од Емпајер Стејт Билдинг ќе се приближи до Земјата на 27 мај.
Според нив, астероидот, наречен 7335 (1989 JA), ќе ја одмине нашата планета за околу 4 милиони километри – или речиси 10 пати повеќе од просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината. Сепак, имајќи ја предвид огромната големина на вселенската карпа (1,8 км во дијаметар) и релативно блиската близина на Земјата, НАСА го класифицираше астероидот како „потенцијално опасен“, што значи дека може да направи огромна штета на нашата планета ако нејзината орбита некогаш се промени. Овој астероид е најголемиот што ќе се доближи до Земјата оваа година. Следно негово доближување се очекува на 23-ти јуни, 2055 година.
Претходно Лајв Сајнс објави: „7335 (1989 JA) исто така се вклопува во класата на астероиди наречена Аполо-класа – што се однесува на астероиди кои орбитираат околу сонцето додека периодично ја преминуваат орбитата на Земјата. Астрономите знаат за околу 15.000 такви астероиди.“
Во секој случај, НАСА будно ги следи движењата на астероидите, со цел намалување на потенцијалниот ризик за опасност врз Земјата.