На 3500 метри надморска височина: Највисоката соба во Европа што може да се изнајми преку Airbnb

На падините на планинскиот венец Мон Блан на надморска височина од 3500 метри се наоѓа највисоката просторија во Европа, која ја понуди интернет платформата Airbnb. Собата се наоѓа во футуристичката жичарница Пунта Хелбронер во Италија, која со години се смета за највисока во Европа.

Во пресрет на почетокот на скијачката сезона, Airbnb им понуди на своите клиенти единствена можност да поминат една ноќ во реновирана соба наречена Мон Блан во гореспоменатата жичара. Собата има брачен кревет и е наменета за две лица, а може да се пофали со монументални стаклени прозорци од подот до таванот кои нудат спектакуларен поглед на Алпите.

Со ноќевање во овој уникатен простор на 27.11.2021 година, понудата вклучуваше превоз до врвот на жичарницата, ексклузивно право да се спуштите по снегот непосредно пред официјалниот почеток на скијачката сезона во друштво на неговата домаќинка Федерика Bрињона – олимпиец и скијач од Светски куп, но и гала вечера.

Со оглед на уникатноста на идејата и ограничената понуда, не е чудно што таа беше продадена веднаш откако се појави на Airbnb на 23 ноември оваа година.

Понудата дојде и со неколку предупредувања – потенцијалните гости треба да се консултираат со лекар пред да бидат упатени на надморска височина од 3500 метри и да понесат соодветна облека. Иако просторот во внатрешноста на жичарницата се загрева, температурите надвор од неа варираат од -5 до -15 степени Целзиусови.