На целата галама околу неговото име, Бил Гејтс си купи нова куќа од 43 милиони долари, па да погледнеме како живее (11 слики)

Има толку многу контроверзии и гласини периодов за еден од најбогатите луѓе во светот, а главно затоа што тој одамна отворено зборува дека планетата е пренаселена.

Во целата оваа гужва, Бил Гејтс си купи нова куќа.

„Замокот“ се наоѓа во престижниот крајбрежен град Дел Мар во округот Сан Диего, Калифорнија.

Квадратурата на куќата е 538 метри квадратни.

Куќата има шест спални соби и четири бањи, базен со мозаик, пространа тераса со поглед на океанот и директен пристап до него, како и две куќи за гости.

Сопствениците на палатата и гостите можат да уживаат во велнес SPA, кино, џакузи и во тениското игралиште.

Куќта е дизајнирана уште во 1999 година од архитектот Кен Рончети.

Има подно греење, автоматски аларм, осветлување, системи за контрола на климатизацијата, како и систем за влез без клуч за сопствениците.