На дедо му се посреќи: „Имам жена двојно помлада од мене, а сега ѝ посакавме добредојде и на нашата втора жена во бракот – таа е исто толку згодна како и првата“
Пар со голема разлика во годините, кои биле среќно во брак седум години, одлучиле да вклучат трета личност во својата врска.
Дебора Пеишото (31) и нејзиниот сопруг Андерсон Пеишото (61) не планирале да ја отворат својата врска, додека Дебора не ја запознала Луиза Маркато (28). Нивната врска била „инстантна“, што ја навело Дебора да размисли за „отворање на бракот“.
„Хемијата меѓу мене и Луиза беше инстантна“, споделила Дебора, инфлуенсерка со 672.000 следбеници.
Тројката, сите од Бразил, сега планира меден месец. Дебора додала: „Одлучивме дека венчавката е вистински начин да ја изразиме нашата љубов, иако сме свесни за критиките. Најважно е што сме среќни и сигурни во нашата одлука“.
Настанот бил симболичен, со блиски пријатели и семејство, што го означил новото поглавје во нивните животи.
Дебора, која има дете од претходна врска, истакнала дека нема планови за проширување на семејството.
„Фокусот сега е на зајакнување на динамиката на нашата тројка и уживање во новата фаза на нашиот однос,“ рекла таа.
За одржување на рамнотежата, тројката создала договор со правила, вклучувајќи еднаква внимателност од страна на Андерсон кон двете партнерки, а Дебора има последен збор за дестинациите за патување. Според договорот, Андерсон мора да има најмалку 10 интимни односи месечно со секоја од нив. Постои и клаузула за казна од 6.000 долари за секое прекршено правило.
Луиза изјави: „Свесни сме дека ваков однос може да биде тежок за разбирање, но за нас тоа има смисла“.
Андерсон додал: „Комуникацијата и взаемната почит се клучот за успешна врска“.
Коментирај анонимно