На дедото му станало здодевно во карантин па одлучил своите омилени игрички да ги претвори во реалност
Енди Џон решил да ја надмине досадата во изолација така што ќе пресоздаде големи верзии на неговите омилени класични аркадни игри во дворот. Енди изработува огради и покриви и повеќе нема работа затоа што луѓето поради пандемијата не ги форсираат повеќе ваквите услуги.
Сепак Енди не можел да седи без работа и решил да создаде 3Д верзии од неговите класични омилени игрички. Користејќи асортиман на предмети, вклучувајќи дрвени стапчиња, градинарски алати, трска, скали и друг градинарски мебел, Енди завршил голем дел од работите.
На Енди му е потребен околу еден час да ги постави игрите, а потоа се игра и расчистува за да има простор за наредната игра.