На денешен ден еден тинејџер не знаеше дека неговиот потег ќе однесе милиони жртви
Младите секојдневно прават глупости за кои подоцна жалат. Но, иако денес повеќе мислиме на бурна ноќ во диско, некогаш ситуацијата ги терала младите да се борат за својата слобода и слободата на татковината. Многу млади луѓе низ светот ги изгубиле своите животи обидувајќи се да ја одбранат честа на своите земји.
Сепак ниту еден млад човек во светот нема да биде запаметен како овој тинејџер. Неговиот потег покрена крвава војна која однесе многу животи. Некои го прогласуваат за „најпроблематичниот тинејџер“ во историјата и не мислиме на оние кои не сакаат да си ја поправат двојката по математика.
Гаврило Принцип е роден во изолираното селце Обљај, во близина на Босанско Грахово, на 23 јули 1894. Тој бил второ дете од деветте деца на неговите родиели, од кои шест починале уште како новороденчиња. Неговите родители биле сиромашни земјоделци и православни христијани. Гаврило бил добар ученик и затоа заминал кај неговиот брат за да учи рговско училиште, а потоа и гимназија, но бил избркан поради учество во протести против Австроунгарија.
На 28 јуни 1914 во Сараево, Гаврило Принцип учествувал во атентатот на австрискиот надвојвода Франц Фердинанд и неговата сопруга, војвотката Софи Хотек од Австрија. Ова е познат факт и сите знаеме за Првата светска војна која следела потоа, но има некои интересни факти кои не ги пишува во книгите по историја.
Кога бил избркан од гимназијата Гаврило поминал 280 километри пеш за да стигне до Белград. Според еден сведок, тој клекнал на колена и ја бакнал земјата по преминувањето на границата во Србија. Во Белград се приклучил на Црна Рака.
Првин во Белград Гаврило бил одбиен, затоа што бил премногу низок и слаб, но тој бил упорен да стане дел од групата и ги поминал сите обуки.
Грешка го дала кобниот резултат
По првата бомба која експлодирала и не му извршила атентат на Фердинанд генералот Оскар Почорек одлучил дека кралскиот автомобил треба да отиде директно по Апелскиот кеј до болницата на Сараево. Сепак, Почорек заборавил да го информира возачот Леополд Лојка за оваа одлука. На патот кон болницата Лојка продолжил на десно кон улицата Франц Јозеф. Принцип стоел во близина на кафеаната на Мориц Шилер кога тој го забележал автомобилот минувајќи покрај него. Откако станале свесни за грешката, возачот ја запрел колата и почнал да се враќа назад. При ова имало застој, со што Принцип ја добил својата шанса и пукал во Фердинанд.
Сопругата на Фердинанд, Софи загинала додека се обидувала да го заштити својот сопруг. Гаврило бил погоден во врат, а таа во стомакот откако го покрила неговото тело.
Таблети со поминат рок
Принцип се обидел да се самоубие со цијанидна таблета, но нејзиниот рок бил поминат (исто како и таа на Чабринович, поради што полицијата верувала дека групата била измамена при купувањето на отровот), а потоа се обидел да пука во себе, но му го одзеле пиштолот пред тој да добие шанса да пука уште еден истрел.
27 дена го делеле од смртна казна
Принцип имал само деветнаесет години во тоа време и бил сметан за премногу млад за да ја добие смртната казна, односно за дваесет и седум дена би бил дваесет години – минималната возрасна граница која била барана од хабсбуршкиот закон.Наместо тоа, тој добил максимална казна од дваесет години затвор.
Тој починал на 28 април 1918 година во Терезин 3 години и 10 месеци по атентатот. Во времето на неговата смрт, ослабен од малнутриција и болест, тој тежел околу 40 килограми. Неговото тело било уништено од скелеталната туберкулоза која ги уништила неговите коски толку многу што неговата десна рака морала да биде ампутирана.