На денешен ден пред 74 години е одиграно првото „вечно дерби“ „Партизан-Ѕвезда“, на неверојатно сурови временски услови

Најпознатите ривали на Балканот отсекогаш биле и ќе останат Партизан и Црвена ѕвезда. Но, иако ова им е познато и на луѓето кои не се обожаватели на спорт, сепак не многу ја знаат приказната за како започнала оваа „сага“. Ривалството трае со децении и очигледно страста која се создава кај навивачите и играчите при ваквите натпревари не стивнува.

Фудбал на снежна бура и температура од минус 19

Првото дерби е одиграно на 5 јануари 1947 година. Временските услови воопшто не биле во корист на играчите. Имало невидена снежна бура, силна кошава и температура до минус 19.

На тој леден ден, пред навистина храбри 4.000 навивачи, во 10 коло на првиот шампионат на Југославија, Партизан важеше за фаворит, бидејќи ги имаше сите 10 воведни победи. На второто и на третото место беа загрепски Динамо и сплитски Хајдук, кои собраа по 18 поени од 12 натпревари. Во тој момент Црвена звезда беше четврта со 14 поени и како Партизан имаше два одиграни натпревари помалку.

Победа која не ја очекувале

Првиот погодок го постигна Јован Језеркиќ од Звезда во 12-та минута со глава, а потоа во 25-та минута од работ на казнениот простор го удвои водството на гостите, што беше и резултат на полувремето. Со првиот гол даден во метеж, играчите на Партизан се обидоа да го убедат судијата дека топката не ја минува гол-линијата, но д-р Бранко Лалиќ не ја смени својата одлука. Тоа е воедно и прва контроверзна судиска одлука на вечното дерби.

Дали топката ја мина гол линијата? За гледачите од трибините тоа ќе остане тајна, бидејќи не можеше да се види дали е гол или не. Снегот постојано паѓаше, а линиите на игралиштето беа снежни, па само оние што стоеја директно зад мрежата можеа да видат што всушност се случува. На крајот победата ја однесе Црвена Ѕвезда со 3:4 за Ѕвезда.

Има прв пат за сѐ

Во тоа прво дерби беше постигнат првиот хет-трик, дело на Јован Језеркиќ (подоцна играше за Партизан во сезоната 1947/48). Беше постигнат и првиот автогол, што го направи Предраг Шајиќ, а беше запишан и првиот црвен картон, кој судијата Лалиќ му го покажа на Љjубиша Спајиќ од Црвена звезда.

Таа сезона Партизан ја освои првата титула шампион, со само еден пораз на овој натпревар, а Црвена звезда го заврши шампионатот на третото место. Така се роди најголемото ривалство.