На денешен ден пред точно 70 години, за прв пат, неверојатен хирург успеа да замени човечки орган

На почетокот на дваесеттиот век, хирурзите честопати се обидувале да го заменат оштетениот хранопровод. На почетокот, овие операции имале намера да им помогнат на пациентите да јадат. Назадувања поради недостаток на искуство во операција на градниот кош, проблеми со инфекции и технички потешкотии довеле до различни пристапи кон решенија. Историјата на хируршка замена на хранопроводот е долга и сѐ уште се развива, но малку луѓе знаат дека тука започнала и историјата на хируршка замена на човечки органи.

Малку луѓе имаат слушнато за хирургот Дан Гаврилиу. Тој бил роден на 26 април 1915 година во Браила, град во источниот дел на Романија. Гаврилиу се смета за „патријархот“ на романската хирургија и светот.

Тој ја извршил првата тотална хируршка замена на хранопроводот, користејќи делови од стомакот за да го заобиколи оштетеното или деформираното ткиво. Гаврилиу првпат ја извршил операцијата на 20 април 1951 година во Букурешт. Она што го прави овој момент уште поголем е фактот дека ова била првата успешна замена на човечки орган.

Хирургот ја опишал целосната постапка во научната литература, но за жал овој човек немал можност да остави свој поголем белег во писмена форма и да издаде трудови. Таксите кои требало да се платат за објавување на трудовите биле премногу високи и Гаврилиу не можел да си ги дозволи.

Оваа операција беше прва успешна замена на органи и сега се користи во операционите сали низ целиот свет. Таа им даде на луѓето со езофагеална штета од вродени маани, карцином или пиење отров шанса да јадат и да голтаат како нормални луѓе.

Многу луѓе мислат дека Хајмлих е првиот кој извршил операција од ваков тип и тој си ја земал заслугата. Но, вистината е дека Гаврилиу за прв пат ја извршил операцијата на 20 април 1951 година. Хајмлих ја извршил својата прва успешна операција на хранопроводникот на човечки пациент на 20 април 1957 година, во Медицинскиот центар во Њујорк.

Д-р Дан Гаврилиу никогаш не се истакнувал во медиумите благодарение на неговата скромност. Тој починал на 97 години во 2012 година.