На денешен ден се „роди“ најпознатиот лик од гејмерскиот свет, кој првин бил познат само како „Столарот“
Денес секој игра игрички, без разлика дали тоа ќе се помали игри со предизвици онлајн или цели светотви во кои луѓето се нурнуваат и живеат „двоен живот“. Но, секоја приказна има свој почеток. Една игра целосно го промени светот на онлајн игрите и денес сите генерации го знаат јунакот кој е главната „маскота“ на оваа игра.
Од желба за конкуренција до нова ера на игрите

Pac-Man беше многу позната и заразна игра од 80-тите и ретко која игра во тој период можеше да ја надмине. Но, од Нинтендо имаа свој план. Хироши Јамаучи, претседател на Нинтендо во тоа време, му го додели проектот на дизајнер на видео игри Шигеру Мијамото. Извлекувајќи од широк спектар на инспирации, вклучувајќи ги Попај, Убавицата и Ѕверот и Кинг Конг, Мијамото го разви сценариото и ја дизајнираше играта заедно со главниот инженер Гунпеј Јокои. Тие отворија нова основа користејќи графика како средство за карактеризација, вклучувајќи скратени сцени за унапредување на заплетот на играта и интегрирање на повеќе фази во играта.
![]()
Така на во Јапонија на 9 јули 1981 година беше пуштена аркадната игра Donkey Kong. Набрзо истиот месец играта можеа да ја играат и во Северна Америка, а потоа и Европа.
Столарот кој сега е познат во целиот свет

Donkey Kong се смета за најрана видео игра со приказна што визуелно се одвива на екранот. Истоимениот лик Магарето Конг е де факто негативец на играта. Херојот е столар, првично неименуван во јапонската верзија на играта, подоцна наречен Jumpman (Скокачот) до неговото финално име кое сите го знаеме СУПЕР МАРИО!
Магарето Конг ја киднапира девојката на Марио, првично позната како Лејди, а подоцна беше преименувана во Паулин. Играчот мора да ја преземе улогата на Марио и да ја спаси. Ова е прва појава на сценариото каде дама е во неволја што ќе го обезбеди образецот за безброј видео игри што следат.
Тужба која не ја смени судбината на играта

Откако играта станала позната и ликот на Марио се нашол на маици, кутии со житарици, играчки и слично, во април 1982 година, Сид Шејнберг, искусен адвокат заклучил дека ликот на Donkey Kong е нарушување на правото на сопственост врз Кинг Конг, кој бил на Universal.
Адвокатот на Нинтендо Џон Кирби возвратил дека Универзал во претходен случај самите тврделе дека сценариото и ликовите на Кинг Конг се во јавна сопственост. Судијата Свит пресудил во корист на Нинтендо и од Универзал требале да им платат за сите судски давачки. Во чест на Кирби подоцна од Нинтендо именувале и лик по него во друга игра.
