На денешен ден се случи првиот предвесник на „Летото на љубовта“, кој создаде сосема нова култура

Кога ќе кажеме хипик веднаш си замислуваме личност со одредени карактеристики, како на пример облека во сите бои, долги коси, наркотици, секакви љубовни комбинации и секако мир. Но, кога и каде започна оваа движење кое успеа да се задржи и до денес?

Human Be-In беше настан што се одржа во Голден Гејт Парк во Сан Франциско на 14 јануари 1967 година. Ова е првиот настан кој доведе до „Летото на љубовта“ и округот Хајт-Ешбери симбол на американската контракултура и го воведе во светот на „психоделиката“.

Human Be-In ги фокусираше клучните идеи на контракултурата од 1960-тите: лично зајакнување, културна и политичка децентрализација, комунално живеење, еколошка свест, повисока свест (со помош на психоделични лекови), прифаќање на недозволена употреба на психоделици и радикална либерална политичка свест.

Хипи движењето се разви од незадоволни студентски заедници околу Државниот универзитет во Сан Франциско, Сити колеџ и Беркли како и голем дел од поетите и џез-хипстерите кои исто така комбинирале потрага по интуитивна спонтаност со отфрлање на „моралот на средната класа“. Поводот за настанот било забранувањето на психоделичната дрога LSD кој стапи на сила на 6 октомври 1966 година.

Наредно следеше „Летото на љубовта“ кое се случи во текот на летото 1967 година, кога околу 100.000 луѓе, претежно млади луѓе се собраа во соседството на Сан Франциско во Хајт-Ешбери. Летото на љубовта опфаќаше хипи-музика, дрога, антивоена и слободна љубовна сцена низ целиот Западен брег на Соединетите Држави и сè до Њујорк.

Овие фотографии сведочат за тоа како изгледаше „Летото на љубовта“: