На денешен ден започна мистеријата за чудовиштето од Лох Нес и клопчето продолжува да се одмотува

Ако жирафата никогаш не постоела, ќе мораше да ја измислиме. Наша природа е да се досадуваме од неверојатно, но реално и да го бараме невозможното. Така е и со фотографијата на која се вели дека е чудовиштето од Лох Нес, направена од британскиот лекар Роберт Вилсон на 21 април 1934 година.

Бидејќи тогаш лекарот првин сакал да остане анонимен побарал фотографијата да биде наречена „Фотографијата на хирургот“ и ја пратил да биде објавена во Daily Mail. Приказните за мистериозното чудовиште кружеле и одамна пред тоа, но Роберт бил првиот кој успеал да го „фати“ на камера.

Мит или мистерија?

Десетици луѓе пристапиле со фотографии на кои се претпоставува дека го прикажуваат чудовиштето. Повеќето биле брзо отфрлени како или измами или слики на обични предмети. Но, една фотографија се истакна. Фотографијата од 1934 година која го покажува тенкиот врат на животно што се издига од површината на водата стана самиот лик на чудовиштето од Лох Нес и, за многумина, најсилниот доказ дека Неси всушност постои.

Една од причините што фотографијата имала такво влијание врз легендата на Лох Нес е тоа што таа потекнува од таков веродостоен извор. Фотографијата ја продал лондонскиот лекар Роберт Вилсон на „Дејли меил“, кој рекол дека ја направил фотографијата кога забележал појава во водата додека се возел од Лондон за да фотографира птици со еден свој пријател во близина на Инвернес. Малкумина верувале дека угледниот лекар би бил измамник.

Но, во 1994 година, 60 години по првото објавување на фотографијата, весниците ширум светот објавија тврдење дека „фотографијата на хирургот“ е лажна.

Вилсон всушност бил искористен да прекрие претходна измама од ловецот на дивеч Мармадуке Ветерел, кој лондонскиот „Дејли мејл“ го испратил во Шкотска за да го фати чудовиштето. Бидејќи не го фатил тој на Дејли му однел фотографии од отпечатоци во земја од нилски коњ тврдејќи дека тоа се отпечатоци на Неси. Но, од Дејли Мејл го фатиле во лагата и го отпуштиле.

Така Ветерел и неговиот зет се вратиле во Шкотска и направиле „чудовиште“ од дрво и го ставиле на играчка-подморница. Тој и неговиот син го искористиле Вилсон, почитуван лекар за измамата да добие на веродостојност.

Оттогаш уште многу фотографии и „докази“ за чудовиштето се појавиле, но кога толку многу пати овие работи се покажале како измама, како можеме да веруваме во нив?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.